×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицаец бркал криминалец, ранил колега

    03.06.2010 14:13 | KumanovoNews

     Граничниот полицаец Ф.И.(22) од Куманово утринава е ранет од свој колега додека бркале криминалец кој се барал по меѓународна потерница на Интерпол. Повредениот е пренесен во Кумановската болница и се наоѓа вон животна опасност.

    Полицаец бркал криминалец, ранил колега

     Инцидентот се случил утринава во 8.30 часот на граничниот премин Табановце - автопат, кога српскиот државјанин Младен Обрадовиќ (35) од Ќуприја сакал со автомобил „бмв„ да влезе во државата. Во моментот на пасошката патрола, полицискиот службеник видел дека  Обрадовиќ е на потерница за провални кражби и кога полицајците тргнале кон возилото тој почнал да бега. Во меѓуграничниот простор полицајците успеале да го стигнат и кога се обиделе да го совладаат тој се спротивставил и го удрил полицаецот кој имал службен пиштол во раката. При тоа оружјето испукало еден куршум и го ранил својот колега Ф.И. во левото рамо.

    По апсењето на Обрадовиќ на граничниот премин Табановце пристигнаа и претставници од српската амбасада.

    Српскиот државјанин е приведен во кумановската полиција и изведен пред Истражен судија.