Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеник денеска е повреден додека се обидувал да уапси штипјанец кој бил баран по потерница. Инцидентот се случил напладне во центарот на Куманово.
Според СВР Куманово, во 13.30 часот на ул.„Тане Георгиевски“ во Куманово, полициски службеник од СВР Куманово, кој извршувал службени дејствија со „пајак служба“, забележал непрописно паркирано возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, сопственост на М.П.(29) од Штип и издал наредба возилото да биде кренато со специјалното возило „пајак“.
Набргу потоа дошол сопственикот и на местото ја платил казната за непрописното паркирање, по што возилото било спуштено. Во меѓувреме, по извршени проверки, полицискиот службеник добил информација дека лицето е предмет на потрага и треба да биде лишено слобода.
Во тој момент, М.П. веќе бил во возилото и кога полицискиот службеник се обидел да го спречи да замине, тој го стартувал возилото и со него го повлекол полицискиот службеник, кој притоа се здобил со повреди, по што успеал да побегне.
Набргу потоа, возилото било пронајдено, а М.П. се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
(фото - радио бум)