Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во тешка сообраќајна несреќа што денеска напладне се случила на влезот во Крива Паланка животот го загубија Слаѓан Митровски (34) од Крива Паланка и Санде Цветковски (55) од селото Конопница.
Според првичните информации, до несреќата дошло кога Митровски, полицаец во Крива Паланка се движел со својот автомобил „опел тигра„ кон излезот на градот, и во еден момент изгубил контрола на возилото. Преминал на другата коловозна лента, при што удрил во пешакот Цветановски, кој туркал велосипед и зедно со својот син оделе по крајот на улицата. Од ударот пешакот го исфрлил од патот, а возилото продолжило да се движи, додека возачот не испаднал од него. Опелот удрил во камион кој наишол од другата страна. Двајцата повредени биле пренесени во болница, но им подлегнале на повредите.
Увидот на полицко-судските екипи треба да ја утврди причината за крвавата сообраќајка.
Според очевидци таткото и синот од Конопница тргнале да земат храна од социјалната кујна во Крива Паланка.
За неполни десетина дена ове е втора тешка сообраќајна несреќа со жртви во Крива Паланка. Минатиот понеделник загинаа мајка и ќерка кај Страцин на враќање од свадба.