Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 700 лажни азиланти биле вратени од граничниот премин Табановце, од почетокот на азилантската треска во Македонија затоа што немале уредна докуметација или доказ каде ќе патуваат.
Со колегите од граничниот премин Табановце разговаравме за бројот на лица на кои не им е дозволен излез на Република Македонија во функција на заострување на мерките за превентивно делување заради намалување на бројот на потенцијални лажни азиланти во западно-европските земји. До денес забранет е излез над 720 државјани на Република Македонија кои неможеле да ја докажат целта на патувањето, или не ги поседувале потребните документи за да патуваат на дестинацијата за која тврдела дека ќе одат. Воедно ги разгледавме трендовите, ги преиспитаме мерките и можам да кажам да кажам дека ќе продолжиме до нив, бидејќи нашата цел не е само намалување на потенцијалните лажни баратели на азил, туку нивно целосно елимимирање -изјави министерката Гордана Јанкуловска, вчера во Табановце, на одпочнувањето на кампањата за странските туристи кои доаѓаат или транзитираат низ Република Македонија, со која преку флаери се информираат со правилата во сообраќајот во државата, начинот на плаќањето на казните и со информации за адресите на дипломатско конзуларните претставништва.