×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицијата го пребарува коритото на Кумановка

    29.03.2010 15:33 | KumanovoNews

     Цел ден трае потрагата по Дани Мемеди (4,5), кој во саботата навечер исчезнал од пред куќата на чичко му во кумановската ромска населба Средорек.  Полициски екипи го пребаруваат коритото по течението на реката Кумановка  до влевањето во Пчиња, но засега нема разултати.

    Полицијата го пребарува коритото на Кумановка

    Детето го снемало завчера околу 20 часот и роднините веруваат дека се удавило во реката Кумановка кој тече до самата куќа.

    Дојдовме тука за да спие кај дедо ми. Излезе надвор да се игра и подоцна забележавме дека го нема. Го баравме по соседите, но никаде го немаше. Две ноќи пребарувавме насекаде, ама еве уште не можеме да го најдеме - плаче бабата Фетие, седната на брегот на реката.

    Избезумен од несреќата чичкото на Дани е сигурен дека тоа паднало во надојдените води на ека. Ја исклучува можноста некој да го киднапирал.

    Надвор имаше инвалидсктаа количка на мајка ми, и тој се играша со неа. Во дворот е стрмно и претпоставувам дека, додека ја туркал количката со неа слетал во реката - вели чичкото Боки.

    Тој посебно е гневен на кумановската полиција каде не сакале веднаш да се ангажираат да го бараат детето.

    Ни рекоа дека треба да поминат 24 часа за да се утврди дека детете сигурно е исчезнато. Соседите со нас бараат, ама ништо не најдовме. Самите не смееме да влеземе во водата, бидејќи многу е надојдена и може да повелече уште некоју-вели чичкото Боки.

    Од полицијата информираат дека вечерта екипа на СВР, веднаш излегла на терен, а вчера екипите го пребарувале кејот на Кумановка. Во текот на денот , се очекува да пристигне помош од специјални единици-нуркачи кои ќе бараат телото на детето долж реката во населбата Средорек.

    Четиригодишното момче живеело само со татко му, а го чувала болната баба. Ромите што беа во Средорек велат дека за последните три години, ова е четврт случај на удавено дете во населбата.