Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва во 18 часот, ќе се одржи трибина со родители за безбедно лето, во организација на отсек за превенција при СВР Куманово.
Поканети се родители на ученици од сите основни и средни училишта, а на трибината ќе бидат присутни доктор Драги Карџински, претставници од СВР Куманово и од Центарот за социјални работи. Ќе се говори за дрога, алкохол, безбедност во сообраќај, податоци на социјални мрежи и други ризици и опасности за децата во летниот период.