×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицијата со препораки до родителите за безбедно лето

    25.06.2015 12:30 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, синоќа вработени од СВР Куманово ги советуваа родителите како да соработуваат за да нема малолетничка деликвенција, кражби, тепачки, употреба на дрога и летото да помине безбедно.

    Полицијата со препораки до родителите за безбедно лето

    Родителите на ученици од основни и средни училишта во градот, имаа можност да се информираат како да ги препознаваат дрогите, а Драги Караџински од одделението за невропсихијатрија зборуваше за штетните последици од употреба на дрога.

    За жал родителите според некое непишано правило, последни дознаваат дека нивното дете користи наркотични дроги. Доколку навреме се забележи може да се реагира и да се спречи понатамошната злоупотреба - рече Караџински.

    Трибината  е дел од проектот „Безбедни училишта„, кој се спроведува во текот на целата учебна година.

    И покрај завршувањето на оваа учебна година, полицијата и понатаму ќе работи превентивно и ќе ги инволвира и родителите за да се укажат одредени превентивни мерки, за да се спречат различни злоупотреби, а крајна цел е учениците да  имаат безбедно лето - кажа Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција при СВР Куманово.

    На родителите им беше сугерирано при девијантно однесување на младите, случајот да го пријават кај надлежните органи и оваа појава ќе се спречи.