Полицијата трага по убиецот на трговецот

08.06.2010 09:52 | KumanovoNews

Кумановската полиција има осомничени за ладнокрвното убиство на Горан Трајановски (39), кој пред два беше застрелан пред влезот на неговата куќа во кумановската населба Зелен Рид.

Полицијата трага по убиецот на трговецот

 Од таму велат дека интензивно се работи на случајот и околностите под кои се случило убиството, а на информативен разговор биле повикани повеќе лица кои одговараат на описот на убиецот. Полицијата ги проверува и шпекулациите што се пласираат во јавноста дека Трајановски имал нерасчистени должничко- доверителски односи, но во интерес на истрагата не соопштуваат детали.

Познато е дека извршителот на делото пукал со пиштол калибар 6, 35 милиметри со пригушувач, а резултати од обдукција сеуште нема.

Убиството на трговецот со текстилна стока се случило завчера во 22.30 часот,кога маскирано лице пукало во него на влезната врата. Сопругата притрчала да му помогне, но безуспешно, бидејќи  куршумот испукан во неговото раме бил смртоносен.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk