Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Досега 53 отсто од невработените граѓани во Куманово се пререгистрирале за да добијат бесплатно здравствено осигурување, информираат од Фондот за здравствено осигурување.
Невработените без приходи или со ниски примања кои не надминуваат 96000 денари годишно имаат право на здравствено осигурување кое ќе го покрие државата.
Јас си имам осигурување, а син ми има 25 години, веќе 2 години е невработен и тој се пререгистрира. Откако заврши факултет здравствено осигурување му покрива државата. Треба таа обврска да се заврши навреме, да не се чека до последен ден - вели Сузана Ѓорѓиевска, граѓанин.
Рокот за пререгистрација е до крајот на март, но и по истекот на овој рок невработените ќе можат да се пререгистрираат. За да не им биде прекинато здравственото осигурување во нивен интерес е што поскоро да се пререгистрираат во ФЗО со потполнување на изјава за приходи остварени лани.