×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Помен за јунаците од Косовската битка

    28.06.2012 08:12 | KumanovoNews

      Во црквата „Света Троица„, предпладнево се оддржа помен на загинатите борци во Косовската битка што се водела пред 623 години. “Видовден во срцето и во сеќавањата“, е нареченo денешното одбележување на најголемиот српски празник Видовден.

    Помен за јунаците од Косовската битка

    Ве повикувам со едноминутно молчење да им оддадеме почит на сите јунаци, од бесмртниот Цар Лазар, Југ- Богдан и неговите девет браќа Југовиќ, Милош Обилиќ и сите оние кои низ вековите на ропство до денешен ден го оставиле својот живот за одбрана на Косово и неговата слобода - рече Часлав Јовановиќ, претседател на “Обединета српска заедница“.

     Пред присутните беседа за бој на Косово и Видовден одржа Елизабета Краљевски.

    Видовден за Србите е посебен ден, датум од митски размери, синоним за големи страдања и национални победи. На овој ден загинаа многу Срби на Газиместан. На овој ден Бугарите со битката на Брегалница ја отпочнаа Втората балканска војна. На овој ден доаѓањето на австроунгарскиот престолонаследник во Сарајево требаше да ги понижи и дисциплинира непослушните Срби во царството. Принцип го уби Фердинанд и на овој ден Кралството на Србите, Хрватите и Словенците донесе устав и така е до ден денес. Чудно е како еден ден може да ја промени историјата и судбината на еден народ - рече Елизабета Краљевски, член на “Обединета српска заедница“.

    Ивона Јовановиќ изрецитира епска песна за Видовден и Косовската битка.

    Членовите на Обединетата српска заедница и граѓани, запалија свеќи во чест на паднатите јунаци.

    Според историјата во првата фаза од битката Србите го поттиснале непријателот, а српскиот витез Милош Обилиќ го убил султанот. Неговиот син Бајазит ги консолидирал своите војници и го заробил Лазар, по што тој е убиен, а отоманската војска се повлекла од боиштето и ја напуштила Србија.