Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црвен крст Куманово, ќе подели 44 пакети со прехранбени производи на сиромашните граѓани.
Од нив 20 пакети се за загрозени семејства од Куманово, 12 се за жители на Општина Старо Нагоричане и исто толку за Општина Липково.
Опфатени се луѓе од различни националности. Предност им се дава на инвалидите кои не можат да работат и социјалци. Дел од пакетите се веќе поделени, а другите граѓаните ќе ги земат до крајот на оваа недела - вели Шпејтиме Зеќири од Црвен Крст.
Пакетите се обезбедени од донации собрани од фирми и граѓани во текот на Неделата на гладта која траеше од 16 до 22 октомври.