Понеделник - неработен за сите граѓани
17.08.2012 05:49
| KumanovoNews
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 19 август (недела), првиот ден на Рамазан Бајрам е државен празник. Бидејќи празникот е во недела,наредниот ден, односно понеделник, е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Рамазан Бајрам на верниците од муслиманска вериосповед.