Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеникот Петар Поп Арсов ги отфрла обвинувањата дека раководството на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги правело списоците за партиските вработувања во Центарот за социјани работи во Куманово.
Тој тврди дека при изборот, пресудна била професионалноста и квалитетот на кандидатите, а не партиската книшка и роднинските врски.
Мене ми е жал што не успеваат сите кои конкурираат да се вработат и да го решат своето егзистенцијално прашање, кое што е проблем во Република Македонија.Жал ми е што дојде до такви реакции од страна на оние што не успејаа да дојдат до работно место, но се надевам дека на некои други конкурски, и во други институции ќе имаат можност да добијат работа.Лошо е што се инволвира партијата во сето ова. За воља на вистината се работи за членови на ВМРО-ДПМНЕ, но ние со тоа покажуваме дека во институциите не се вработуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ, туку луѓе кои по своите квалификации се издвојуваат од другите. Во сите државни институции има одредена градација, оценување на способностите и квалитетот, и на тој начин одлучува менаџерскиот тим- вели пратеникот Поп Арсов.
Поп Арсов вели дека од Европската унија било побарано да се направи трансформација на вработувањата од времени во редовни, но тоа не значело дека по автоматизам работата ќе ја добијат оние што биле во институциите. Дури и насоките на амбасадорот Фуере биле конкурсите да бидат слободни за сите граѓани, а не да се фаворизираат оние кои дотогаш работеле.
Насприти одрекувањата на сите прозвани и надлежни институции дека нема политика и непотизмот во Центарот за социјални работи, избрканите работнички го тврдат спротивното и правдата ќе ја бараат на Суд.