×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поплавените се вратија во Средорек

    28.03.2013 13:19 | KumanovoNews

     Ромите кои беа сместени во училишните спортски сали поради тоа што  куќите им беа поплавени, пред два дена се вратија во Средорек.

    Поплавените се вратија во Средорек

    Тие велат дека нивните куќи сеуште се мокри, ѕидовите влажни, а калта не е отстранета, но немаат каде да одат и мора да се прилагодуваат на условите.

     Сите се вратија. Нормални услови за живот сеуште нема. Проблемот со овие поплавени треба да се реши трајно со регулирање на речното корито. Државата даде по 15.500 денари, но тоа не го решава проблемот. Треба државата и општината да разговараат за ова. Им дадоа некои шпорети, ветуваа, може е тоа само маркетинг, ама тоа е џабе - вели Слаѓан Мамутовски, жител на Средорек.

    Зоран Павловски, претседател на општински кризен штаб за заштита и спасување потврди дека поплавените семејства се вратени дома, а  спортските сали требало да се ослободат поради часови по физичко воспитување.

     Семејствата досега немаа некои поголеми потешкотии при вселувањето во куќите, а ќе треба да преземат уште хуманитарни мерки. Сигурно е потребно да им се дадат пакети, бидејќи најголем дел од постелнината која била зафатена не е за употреба и е фрлена. Ќебињата, душеците ги земаа и ќе можат и во своите куќи да ги користат - вели Павловски.

    Ромите се надеваат дека како што отоплува времето, куќите, помошните простории ќе се исушат и нема да има потреба некои од нив за спиење да одат кај роднини и пријатели.

    Салите во ОУ “11 Октомври„ и ОУ “Крсте Мисирков“ ќе бидат варосани, а потоа и дефинфицирани. Центар за јавно здравје да се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Од понеделник салите ќе бидат во состојба за редовните активности.