×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поплавите го одложуваат засадувањето на пролетните култури

    28.02.2013 14:29 | KumanovoNews

     Поради обилните дождови и поплави, засадувањето на пролетните култури ќе доцни неколку седмици, додека почвата да ги впие големите количини вода.

    Поплавите го одложуваат засадувањето на пролетните култури

    Штети ќе претрпат и житата кои се оштетени од поплавите. Реките излеани од коритата попат собраат многу отпадоци кои негативно ќе влијаат на обработливото земјоделско земјиште.

    Земјата во нашите предели има потреба од влага, но големото количество влага ќе ја отежне обработката на почвата. Таму каде што фатија поплавите има негативни последици по житните култури, ќе има одреден процент на оштетување што ќе доведе до помал род. Најголем проблем е што тие води се загадени, се загадуваат од различни хемикалии кои се штетни за растенијата. Ќе треба неколку недели, зависи од времето, за две - три недели почвата ќе се исуши - вели Рамадани Џабир, советник во Регионален центар на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.

    На многу земјоделци во кумановско обилната вода им ги урна фолиите и им го уништи расадот со пипер и патлиџан.