Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За четири месеци ќе започнат вработувањета во фабриката “Веибо“ во економската зона Ранковце, каде ќе бидат ангажирани над 5000 текстилни работници.
Најголем дел од работниците за во оваа странска компанија ќе бидат од Куманово, тврди директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, кој денеска присуствуваше на “Отворени денови“ во Центарот за вработување Куманово.
Во период од 4 месеци до една година ќе бидат примени над 5000 работници, од кои најмногу од Куманово, -рече директорот.
Меѓу невработените беа и поранешни вработени од “Жито мел“, кои бараат да им се реши статусот.
“Јас имам 61 години и со години сум на улица. Не сум способен веќе за работа, и кој мене ќе ме вработи“ - праша еден од работниците.
И младите високообразовани кадри побараа работа од директорот.
“Јас сум дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Веќе 4 години активно барам работа. Доаѓам на овие обуки кои би можеле да ми помогнат во пронаоѓање на работа. Очекувам работа, барем волонтерство или пракса“ - вели Даниела Радовановска, невработена.
На “Отворени денови“ беа присутни и локалните работодавачи кои се интересираа за поволностите кои државата ги нуди за субвенционирано вработување.