Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Задоволни сме што конечно надлежните се огласија и одвоија време да го решат проблемот, но револтирани сме што требаше да се заканиме со протести и граѓанска непослушност во медиумите па да не сфатат сериозно- велат жителите.
Пукнатата канализациона цевка на улицата „315„ во населбата Ајдучка чешма е поправена. По пишувањето на Кумановоњус дека два месеци течат фекалии по улицата, а никој од надлежните не интервенира, екипи на ЈП „Водовод„ излегле на терен.
Ја заменија цевката и водата се повлече. Засега проблемот е решен, но се плашиме да не се повтори кога ќе надојде голема вода. Задоволни сме што конечно надлежните се огласија и одвоија време да го решат проблемот, но револтирани сме што требаше да се заканиме со протести и граѓанска непослушност во медиумите па да не сфатат сериозно- велат жителите.
Тие беа уплашени дека од фекалиите и изметот што течеше по улицата и навлегуваше во нивните дворови во населбата ќе се појави заразна болест.