×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поради големиот интерес утре две изведби на претставата „Црвенкапа“

    16.01.2024 15:00 | KumanovoNews

    Две изведби на детската претстава „Црвенкапа“ ќе се одиграат утре /17 јануари/ во малата сала на Центарот за култура во Куманово. 

    Поради големиот интерес утре две изведби на претставата „Црвенкапа“

    Поради голем интерес првата претстава ќе се игра во 17 часот, па откако за рекордно време беа продадени билетите за првата изведба закажана е втора во 18 часот.

    Драматизацијата за „Црвенкапа“ е на Сашо Костовски, а музиката е на Јован Цветковиќ. 

    Во претставата играат Александра Михајловска, Владанка Крстевски, Матеј Стојковски, Анастасија Величковиќ и Никица Јанковски. 

    Премиерата на претставата беше кон крајот на август минатата година, а досега е изведена десетина пати.

    Детските претстави се едни од најпосетените проекти на Театар Куманово, па и „Црвенкапа“ наиде на одличен прием кај најмалите.

    Билетите се во продажба во билетарата на Центарот за кулутра и можат да се купат од 10 до 18 часот.

    Теодора Стоевска