×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски од позиција на власт ни прави штета во работењето, кажа бизнисменот Спасовски на судењето против градоначалникот

    17.06.2024 19:48 | Сузана Николиќ

    Во Основниот суд во Куманово, со сослушување на тројца сведоци продолжи судењето против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, обвинет од ОЈО Куманово за злоупотреба на службената положба и овластување, по пријава на двајца кумановски бизнисмени.

    Димитриевски од позиција на власт ни прави штета во работењето, кажа бизнисменот Спасовски на судењето против градоначалникот

    Тие бараат надомест на штета од 3,3 милиони денари, поради тоа што не им издал дозвола за градба.

    Искази дадоа сопствениците на фирмите кои го тужат Димитриевки, Бобан Спасовски од „УПМ-ГРУП“ и Емил Георгиевски „Хромак-Емил“, како и раководителка на Секторот за комунални дејности во Општина Куманово Лидија Ланг-Спасовска, сите на предлог на обвинителството и одбраната.

    Спасовски пред судот кажа дека приватните односи со Димитриевски му се сериозно нарушени, поради што тој од позиција на власт направил сценарио како да му наштети во работењето. Тој тврдеше дека Деталниот урбанистички план (ДУП) на спорната локација кај Гимназијата „Гоце Делчев“ е донесен во декември 2021 на иницијатива на градоначалникот и на општинската администрација, а не на барање на инвеститорите, но откако тие го купиле земјиштето и изготвиле идеен проект почнале да се соочуваат со опструкции. Спасовски во детали објаснуваше како течела целата постапка и како имале проблеми од одредени вработени и служби во Општината, иако биле запазени сите законски норми. И одлуките на повисоките македонски институции не го поколебале градоначалникот да постапувал по нив, туку во 2022 побарал од Советот да донесе одлука за ограничување на степенот на изграденост на објекти од А2 категорија од 50 на 30 проценти, а во јуни 2023 и да се суспендира целиот ДУП. И двете одлуки подоцна биле поништени од Уставен суд, поради повреда на владеењето на правото.

    „Во последната фаза пред заверка на проектната документација откако ги добивме сите согласности од другите институции, предметот беше доставен во Секторот за комунални дејности, кој требаше за два дена да ни даде пресметка за комуналиите за градежно земјиште. Иако не било пракса, градоначалникот побарал да се смени процедурата и тој да биде ставен како потписник на решението за пресметка, по што не сакал да го потпише. Образложение е поради суспензијата на ДУП-от. Предходно потпишавме неколку договори со изведувачите кои требаше да градат, бидејќи тогаш како и сега нема градежни работници“, кажа Спасовски во судницата.

    Тој додаде дека по одлуката на Уставниот суд имаат правосилно одобрени за градба и ги платиле комуналиите, но се сомнева додека Димитриевски е градоначалник дека ќе можат да градат. Сега чекаат да добијат сообраќајно решение од локалната самоуправа за дотур на материјал и изнесување шут.

    Димитриевски се изјасни на почетокот на рочиштето дека не се чувствува виновен. А одбраната се обидуваше да докаже преку распит на сведоците дека фирмите не претпреле штета од тоа што не била потпишана дозволата и пролонгирана градбата на објектот, и како на недобиена дозвола плаќале аванс на фирмите кои требале да ги изведуваат работите.

    Емил Георгиевски, сопственикот на „Хромак“ рече дека неговата фирма била задолжена за оперативните работи, и дека склучуваат договори со изведувачи пред почеток на работата, бидејќи мораат навреме да се осигураат. Во овој случај им е направена штета и побара таа да им се надомести.

    Раководителката Ланг-Спасовска, во својот исказ потврди дека одобрението го изготвиле и постапиле во законскиот рок, по што го доставиле на потпис кај градоначалникот, зошто тој не го потпишал навреме, не ѝ е познато.

    „Од нивните искази на многу јасен начин се утврди на кој начин и под кои околности обвинетиот Максим Димитриевски го сторил кривичното дело кое му се става на товар, а јасно е дека е причинета штета со непотпишување на пресметката за комуналии. Оваа фактичка состојба ја потврди и раководителот на Секторот за комунални дејности, која кажа дека секторот на времено и во законски рок од два дена направил пресметка, меѓутоа од за нив непознати околности, градоначалникот одбил да ја потпише, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар, и притоа причинил штета на двете правни лица во износ од околу 3.3 милиони денари“, изјави адвокатот на бизнисмените Виктор Божиновски.

    Наредното рочиште е закажано за 2 јули, кога треба да се сослуша началничката на Секторот за урбанизам.