Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.З. (36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување.
Пријавениот во мај 2024 година присвоил патничко возило ауди А6, сопственост на негова поранешна вонбрачна партнерка.
„Таа му дала клучеви од нејзиниот стан во Куманово, при што тој искористил прилика и ја одзел целокупната документација за возилото, врз основа на која изготвил фалсификуван договор за купопродажба на возилото кај нотар, на кој фиктивно како продавач ја навел оштетената. Потоа, договорот го употребил како вистински во постапка за регистрирање на возило за промена на сопственост на негово име“, соопшти МВР.