Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поранешниот директор на ЈП „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски се враќа на чело на претпријатието, по двегодишна пауза.
Тој во петокот е назначен, а од понеделник ќе ја преземе функцијата од досегашната директорка Цветанка Ивановска.
Стојчевски по професија е правник, а беше директор на ЈП „Чистота и зеленило“ две години, по што две години работеше како раководител на Сектор за поддршка на градоначалникот во Општина Куманово.
Стојчевски ни ја потврди информацијата на негово назначување на старо-новата позиција.