Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еуродизел горивото од вечерва на полноќ ќе поскапи за половина денар, а за исто толку има раст на цената има и кај Екстра лесното масло за горење и Мазутот, одлучи РКЕ. Новите цени на дериватите стапуваат на силаод вечерва на полноќ.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 79,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 81,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 71,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 71,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 46,295 (денари/килограм)
Покачувањето на цените е во просек за 0,5 проценти што се должи на зголемување на цените на дериватите на светскиот пазар.