×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поскапуваат бензините за половина денар, дизелот останува со иста цена

    21.02.2022 14:07 | Сузана Николиќ

    Ново зголемување на цените на нафтените деривати. Од полноќ бензините ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, а дизелот останува со непроменета цена. 

    Поскапуваат бензините за половина денар, дизелот останува со иста цена

    Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи цената на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство да се зголеми за половина денар, а цената на дизелот да остане иста.

    Согласно новата одлука, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 82,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 84,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по дена од 73,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 74 денари за литар.

    Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,430 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден.