×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поскапуваат бензинот и нафтата за домаќинствата

    15.08.2022 16:15 | Сузана Николиќ

    Вечерва по полноќ ќе се зголемат цените на бензинот и на нафтата за домаќинствата, додека цената на дизел горивото нема да се менува. 

    Поскапуваат бензинот и нафтата за домаќинствата

    Бензинот од 95 октани ќе поскапи за половина денар, а за еден денар по литар ќе поскапат бензинот од 98 октани и нафтата за домаќинствата.

    Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    - Моторен бензин - Еуросупер БС - 95 - 88,50 (денари/литар)
    - Моторен бензин - Еуросупер БС – 98 - 91,00 (денари/литар)
    - Дизел гориво - Еуродизел БС (Д-Е V) - 90,00 (денари/литар)
    - Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 86,50 (денари/литар)
    - Мазут М-1 НС - 52,814 (денари/килограм)

    Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,418 %.