×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подземни води ја уништиле подлогата во Соколански парк, санацијата е на товар на фирмата која го реконструираше

    30.04.2025 11:59 | KumanovoNews

    Подлогата на пешачките патеки во Соколанскиот парк ја уништиле подземните води кои се слеваат од повисоките делови на градот, а  поправката ќе ја финансира фирмата која ја вршеше реконструкцијата а не Општината Куманово, велат надлежните по обвинувањата во јавноста дека за истиот проекти двапати се одвојуваат средства. 

     

    Подземни води ја уништиле подлогата во Соколански парк, санацијата е на товар на фирмата која го реконструираше

    „Санацијата на сопствен трошок ја извршува фирмата „Интеко Иван“ од Скопје, која работеше на реконструкција на паркот, а работите се извршуваат по доставена рекламација од наша страна“, велат од Секторот за комунални работи во Општина Куманово.

    Причина за испукувањето на подлогата, според изведувачот на работите, е подземната вода во паркот, кои сега ќе бидат трајно решени. Тие објаснуваат дека лани многу бргу по завршување на работите, забележале оштетувања на подлогата, што за нив било аларм дека нешто се случува. Утврдено е дека отсуството на претходни геотехнички и геомеханички испитувања, довело до неочекувани проблеми со подземните води кои се слеваат од повисоките места.

    „Новата подлога која се нанесува е со различен сооднос на материјал и кварц, има поголема еластичност, што ја прави поотпорна на механички оштетувања или пропаѓање под дејство на вибрации. Нејзината еластичност ќе може да се провери кога ќе се отвори паркот за посетители, за најмалку 3 дена. Се трудиме и работиме, сакаме овие патеки да служат на граѓаните подолго време, да уживаат во зеленилото и убаво уреден парк“, истакна Игор Димовски, управител на фирмата .

    Тој вели дека денеска би требало да завршат градежните работи, но ќе бидат потребни уште 3 до 4 дена за сушење и зацврстување на подлогата, затоа што прерана употреба може повторно да доведе до распукување на горниот слој и пропаѓање на нанесениот камен тепих.

    Општината Куманово, како дел од пошироката реконструкција на Соколанскиот парк, инвестираше речиси 13 милиони денари за поставување на нова урбана опрема, вклучувајќи фонтани, детско катче, реквизити за рекреација и паркинг простор.

    Советниците од опозицијата  повеќепати обвинуваа дека реконструкцијата во Соколански парк не е извршена квалитетно, и го повикуваа надзорот и инвеститорот да реагираат.

    Градежни инженери кои ги консултиравме велат, дека овој случај на брзо оштетување на патеките, ја потенцира важноста на спроведување на темелни геотехнички и геомеханички испитувања пред започнување на градежни проекти, особено таму каде што има подземни води. Соодветното планирање и истражување можат да спречат дополнителни трошоци и уништување на веќе изграденото.