×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Постигнат договор за цената на сировата вода

    09.07.2014 08:59 | KumanovoNews

      4.5 денари за метар кубен ќе плаќа  ЈП „Водовод„ за сировата вода на Водостопанство Кумановско-липковско поле.

    Постигнат договор за цената на сировата вода

     Ова е договорено на денешниот состанок во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на кој покрај директорите на двете претпријатија присуствувале и градоначалникот и пратениците од Куманово. 

    Цената на водата од 4,8 денари за метар кубен вода со ДДВ, беше прифатлива за двете страни и се постигна со посредство на министерот Михаил Цветков. Со овој договор всушност се реши долгогодишниот проблем со водоснабдување на општина Куманово. Исто така присутните се договорија со помош на програмите на министерството за земјоделство да се извршат зафати на хидро системот Кумановско- липковско поле за санација и ревитализација. Водостопанство превзема обврска да врши непречена дистрибуција на вода преку алтернативните цевководи, а „Водовод„ треба редовно да ги плаќа фактурите согласно заеднички договорената цена и сервисирање на старите долгови кон Водостопанство- соопштуваат од кабинетот на Министерството за земјоделство.

    Досега Водовод ја плаќаше водата по 4.4 денари за метар кубен, а Водостопанство бараше зголемување на 6.8 денари.