×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината потфрли во информирањето на граѓаните за кризата со водоснабдувањето, кажаа советниците во Советот

    30.05.2024 14:36 | Оливера Пешевска

    Дел од советниците на вчерашната седница упатија отворена критика до претседателката и Советот и до Општинскиот штаб за заштита и спасување за ненавремено и нецелосно известување за состојбата со водоснабдувањето во Куманово, по невремето во Липковско, кое една недела го остави градот без вода за пиење.

    Општината потфрли во информирањето на граѓаните за кризата со водоснабдувањето, кажаа советниците во Советот

    „Во вакви и слични состојби, претседателке, сметам дека е недозволиво, како прва меѓу еднаквите да не го информирате Советот за настанатата алармантна состојба, да не споделите информации со нас и првиот ден и деновите кои следуваа. Чекавме официјални информации од ЈП „Водовод“. Мој личен впечаток, но и тоа што го добивам како реакција од сограѓаните е дека дел од известувањата беа штури, оскудни, не беа прецизни, на моменти дури и збунувачки“, го отвори прашањето координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Доцевска - Божиновска.

    Претседателката Ивана Ѓорѓиевска се правдаше дека обврска за информирање на граѓаните е на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а таа по функција не е член на кризниот штаб.

    „Поради алармантноста на состојбата присуствував на тие состаници за да имам увид и да можам да споделам информации, но и да имам свое согледување. Сите што ме побараа било телефонски, било по пораки објаснував она што го добивав како информација од „Водовод“. Апсолутно не е точно, напротив, инсистирав и да се стави ова точка на дневен ред, соодветните луѓе да објаснат што се случува, за да биде се транспарентно и да можат граѓаните на Куманово да знаат што се случува“, истакна претседателката Ѓорѓиевска.

    Точката на дневен ред беше ставена како вонредна, но откако заврши кризата. Опозицијата сметаше дека Општината и Советот потфрлија во сегментот на информирањето на граѓаните, затоа што многумина жители биле доведени во заблуда, а се ширела и паника меѓу жителите. Најодговорно за ваквата состојба  го посочија општинското раководство, кое се обраќало само со заклучоците на кризниот штаб, но не е исклучена одговорноста и на другите чинители.

    „И ние тука затаивме во делот на информирањето. Кумановци не знаеја дали можат да измијат заби, да се истушираат, дали смеат да ја користат водата за најосновни хигиенски потреби, да сварат кафе или чај. Впечатокот после се е дека немавме добри и навремени информации“, потенцираше советникот Алексанадар Јовановски од СДСМ.

    Беше отфрлено тврдењето дека немало доволно заинтересираност меѓу советниците, па само затоа информациите доаѓале ретко и некомплетно.

    „Официјалните информации не може да доаѓаат од социјалните мрежи, туку од официјалните сајтови на Општина Куманово и јавните претпријатија“, кажаа советниците.

    На седницата беше истакнато залагањето на сите служби кои работеа на терен за решавање на проблемот, а посебно на директорот на ЈП „Водовод“ Оливер Стојмановски, за кој сметаат дека бил на висина на задачата и максимално се посветил да го менаџира процесот и да одговори на прашањата на советниците, граѓаните и новинарите. 

    На вчерашната редовна седница на Советот, на која како дополнителна точка беше извештајот на директорите на ЈП „Водовод“ и „Водостопанство“ за хаваријата која го остави Куманово 8 дена без вода не присуствуваше градоначалникот Максим Димитриевски, кој е командант на Кризниот штаб.