×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потпишани договорите за кофинансирање на нови проекти за прекугранична соработка со Србија

    19.04.2022 09:14 | Сузана Николиќ

    Претставници на општини, училишта и невладини организации потпиша договори за кофинансирање на 7 нови проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Србија во вкупна вредност од 1.236.000 евра.

    Потпишани договорите за кофинансирање на нови проекти за прекугранична соработка со Србија

    Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија поддржува проекти кои што се насочени кон подобрување на условите за вработување, особено на младите, подобрување на соработката меѓу бизнисите, во областа на образованието, проекти кои што имаат за цел да ја намалат социјалната исклученост, како и проекти кои што ги активираат природните и културните потенцијали на регионот и придонесуваат за развој на туризмот.

    „Задоволни сме што во првиот јавен повик на оваа програма имаме 98% искористеност на расположливите средства од Европската Унија, што зборува дека имаме добри проекти и добро управување со средствата од ЕУ, зашто прецизните правила и процедури мора да бидат испочитуваат до крај за во целост да бидат апсорбирани 85% од вкупните средства што ги обезбедува Европската Унија, но и оние 15% што ги обезбедува Министерството за локална самоуправа“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.  

    Министерот истакна дека до 8 јуни е отворен и вториот јавен повик за проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија и ги повика учесниците, но и другите заинтересирани да аплицираат со нови проекти кои што ќе придонесат за развојот на пограничниот регион.