15. 10. 2020 08:48

Повеќе села и населби утре без струја

Повеќе села и населби утре без струја

Поради инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, утре без напојување ќе останат потрошувачите на повеќе населените места во Куманово.

Според ЕВН, без струја на ден 16.10.2020 од 10.30 до 12 часот ќе бидат дел од селата Романовце, Брзак, Агино село, наплатан рампа Романовце, Имери млин, Мачја глава и Железничка станица Романовце.

Истиот ден, петок, од 8 до 11 часот без струја ќе останат граѓаните на улиците „Бајрам Шабани“ и „Прозорска“.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk