×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повеќето јавни институции и претпријатија ќе се грејат на гас, ќе имаме ли зимоска почист воздух во Куманово

    14.11.2023 17:12 | Оливера Пешевска

    Наместо на мазут и екстра лесно масло за горење, како минатата година повеќето државните институции во Куманово ова зима ќе се вратат на греењето на природен гас, поради што се би требало да се намали високата загаденост на воздухот во сезоната на греење.

    Повеќето јавни институции и претпријатија ќе се грејат на гас, ќе имаме ли зимоска почист воздух во Куманово

    Најголемиот загадувач Општа болница Куманово има склучен договор за користење на гас за грејната сезона 2023/2024, како и голем дел на другите институции.

    „Општина Куманово, Библиотеката „Тане Георгиевски“, Гимназијата и Економското училиште, основните училишта Кочо Рацин, Браќа Миладиновци/Крсте Мисирков, Бајрам Шабани, 11 Октомври, Градинката „Ангел Шајче“, Домот за стари лица „Зафир Сајто“, повторно се враќаат како корисници на природен гас. ЈП Водовод никогаш не ни прекина. Тоа е добро секако за претпријатието, но и генерално за квалитетот на воздухот во градот кој сите ние и нашите семејства го дишеме“, изјави Марко Митровски, директор на Куманово-гас.
               
    На гасоводната мрежа не се приклучени Основниот суд Куманово, објектот на Пошта, Музичкото училиште, училиштата Вук Караџиќ и Наим Фрашери, јавните претпријатија Пазариште и Чистота и зеленило и тие ќе се грејат на масло за горење, додека дрва ќе коритат училиштата од околните села како и Противпожарната единица на Куманово. Зградата на СВР Куманово не е приклучена на гасоводната мрежа.

    Граѓанската иницијатива Шанса за Центар мапираше 700 јавни објекти низ цела Македонија - болници, градинки, училишта, касарни, судови... и други установи кои користат нафта и мазут, а во Куманово се потенцирани околу 25 загадувачи од јавниот сектор.