Повик до граѓаните од Североистокот: Споделете го вашето искуство за комуналната хигиена во општините

29.04.2021 - 15:52

Квалитетните комунални услуги, во кои спаѓа  управувањето со отпадот  и заштитата на животната средина, се елементарни услови за квалитетен живот на граѓаните.

Повик до граѓаните од Североистокот: Споделете го вашето искуство за комуналната хигиена во општините

Според Вашите коментари на нашиот медиум, оваа област е една од „болните“ точки за жителите од Североисточниот регион, кои имаат бројни забелешки на одржувањето на  комуналната хигиена.

Ве повикуваме да се вклучите во нашето истражување и да помогнете да ги откриеме најкритичните точки и слабости на системот во оваа сфера.

Целта е  да дадеме придонес во откривање на најголемите проблеми во регионот, да ги лоцираме надлежностите и одговорните, но и да побараме решенија за подобрување на  услугите за граѓаните.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk