Повик за бесплатен одмор за децата од загрозени семејства
03.06.2015 12:23
| KumanovoNews
Во Центарот за социјални работи Куманово до 17 јуни родителите можат да аплицираат за бесплатен одмор на нивните деца.
Право да аплицираат имаат родителите корисници на социјална парична помош, на детски додаток, родителите кои земаат посебен додаток, односно родителите на децата со пречки во развојот од петто до деветто одделение. Право на бесплатен одмор ќе имаат и децата без родители и родителска грижа. На сите нив им следуваат шест полни пансиони во Струга. Оваа година на бесплатно летување ќе одат 2000 деца од цела Македонија.