×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повисоки цени за собирање на смет бара ЈП „Чистота и зеленило“

    11.07.2022 21:46 | Сузана Николиќ

    Од 10 до 50 отсто да се зголемат цените на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад на правните и физички лица во Општина Куманово, бара ЈП „Чистота и зеленило“. 

    Повисоки цени за собирање на смет бара ЈП „Чистота и зеленило“

    Ако сега цената за собирање на ѓубрето од станбените објекти за физички лица е 3 денари за метар квадратен, со новиот предлог се бара оваа услуга да изнесува 4,5 денари, што е за 50 отсто повеќе.

    Сопствениците на деловни простории сега плаќаат 10 денари за метар квадратен за собирање на комунален отпад, а доколку се усвои оваа одлука во иднина ќе се наплаќа 12,5 денари или за 25 отсто повисока цена. 

    Цената за изнесување на смет на правни производни субјекти сега е 1,9 денари за метар квадратен, а се предлага во иднина таа да биде 2,2 денари или за нешто повеќе од 10 отсто.

    Цените за изнесување на смет од дворното место останува исти од 0,30 денари по м2, а за деловното 0.5 денари м2.

    Низ пример, ако за стан од 70 м2 сметката за ѓубре била 210 денари, во иднина таа ќе изнесува 320 денари.

    „Најпогодени од оваа зголемување на цената ќе бидат сопствениците на станови“, вели член на Комисијата за финансирање и буџет.

    Предлог – одлуката за утврдување на цените на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад во Општина Куманово, утре ќе се најде на дневен ред на седницата на Совет, а дали кумановци ќе плаќаат повисоки сметки за ѓубре ќе зависи од одлуката на советниците.