×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повисоки сметки за ѓубре ќе плаќаат граѓаните на Куманово

    13.07.2022 11:25 | Сузана Николиќ

    Цените на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад на правните и физички лица во Општина Куманово ќе се зголеми од 10 до 50 насто. 

    Повисоки сметки за ѓубре ќе плаќаат граѓаните на Куманово

    Најголемо поскапување за дури 50 отсто ќе има за домаќинствата во градското подрачје, кои наместо 3 денари ќе плаќаат 4,5 денари по метар квадратен стамбен простор. За жителите на приградските населби поскапувањето ќе биде од 2 на 3 денари, а правните субејкти од 10 на 12,5 денари за метар квадратен.  

    Предлогот за зголемување на цените за собирање на сметот го поднесе ЈП „Чистота и зеленило“, со образложение дека се зголемени цените на енергенсите, нафтата, како и минималната плата.

    Граѓаните се жалат дека зголемувањето на цената доаѓа во време на голема економска криза и кога семејниот буџет е се потенок. Тие бараат од претпријатието да го зголеми нивото на хигиена во градот, одржувањето на зелените површини и динамиката на изнесување на смет од домаќинствата.

    Вчера беше дадена поддршка и за зголемување на бодот на платите на вработените во ЈП „Чистота и зеленило“.

    Одлуката ја донесе мнозинството во Советот на Општина Куманово, предводено од коалцијата „За наше Куманово“, ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците и Беса.