Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Цела недела граѓаните на Куманово имаат проблеми со водоснабдување. Приградските населби и становите во повисоките згради вода имаат само во ноќните часови, додека во текот на денот чешмите се празни.
Цела недела граѓаните на Куманово имаат проблеми со водоснабдување. Приградските населби и становите во повисоките згради вода имаат само во ноќните часови, додека во текот на денот чешмите се празни.
Со денови немаме вода, а живееме во центарот на градот. Немаме вода за основните потреби во домаќинството, притисокот е слаб па не можат да работат бојлерите и машините за перење. Носиме вода од соседите во куќите за пиење и готвење. Кај немаме вода во текот на летото, па сега почнавме и во зима- велат жители од зграда на улицата „11 Октомври„.
Надлежните од ЈП „Водовод„ се правдаат дека во изминатите некоку дена имало енормна голема потрошувачката, поради тоа што граѓаните ја оставаат водата да тече за да не им замрзне инсталацијата и поради тоа се јавува недостаток на вода во одредени делови на градот.
Имаме потрошувачка на вода како во лето, ако граѓаните продолжат со неконтролирано испуштање на водата ќе се соочат со рестрикции, најавуваат од „Вододвод„.
Проблемот со водоснабдувањето во куманово се појави пред 2-3 месеци поради намаленото ниво на водата во акумулациите Липково и Глажња, од големата суша. Ниските температури дополнително ја услоѓнуваат состојбата и предизвикуваат проблеми и дефекти на главната водоводна мрежа, поради што деновиве без вода беа и населбите Бабин Дол, Перо Чичо, Черкезе, Ајдучка Чешма, Пуковско и Карпош.