Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повозрасен пешак се здобил со сериозни повреди откако во него удрил автомобил на улица во Куманово.
Во СВР Куманово вчера во 11.10 часот било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(46) од Куманово, удрило во пешак И.С. (85) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, соопшти полицијата.