Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мотоциклист од Скопје е повреден во сообраќајна несреќа на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај с.Добрoшане.
Несреќата се случила во 15.50 часот, помеѓу патничко моторно возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.М.(31) од с.Доброшане и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.А.(50) од Скопје.
Во несреќата со повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.