Повреден мотоциклист на патот Куманово - Крива Паланка
22.07.2022 09:11
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово - Крива Паланка.

Сообраќајката се случила вчера во 08.15 часот помеѓу патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.М.(66) од Куманово и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(30) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот В.М., констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.