Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесетгодишен мотоциклист е повреден во сообраќајна незгода на регионален пат во липковско, откако со својот мотоцикл се судрил со два автомобили.
Несреќата се случила синоќа во 22.25 часот на регионалниот пат Слупчане - Граничен премин Белановце, помеѓу мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Р.А.(20) од село Слупчане, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(46) од село Липково и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(40) од село Слупчане.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увид екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.