Мени

Повреден мотоциклист во сообраќајка на регионален пат Куманово – Свети Николе

09.04.2024 15:33 | KumanovoNews

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на регионален пат Куманово – Свети Николе, во атарот на селото Орашац.

Повреден мотоциклист во сообраќајка на регионален пат Куманово – Свети Николе

Сообраќајката се случила вчера околу 12.10 часот, помеѓу патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Т.С.(40) од Куманово и мотоцикл „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(47) од Штип. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата“, соопшти Кумановската полиција.