Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повозрасен жител на липковското село Гошинце, синоќа бил повреден на раскрсницата на улиците „Железничка“ и „Индустриска“ во Куманово.
Сообраќајната несреќа се случила во 20.15 часот, кога патничко моторно возило „сеат толедо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 36 -годишен жител на с.Черкези удрило во К.М. (77) од с.Гошинце, липковско.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.