Повреден пешак во Матејче
03.06.2022 13:43
| Сузана Николиќ
Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на регионален пат Липково – Арачиново, во с.Матејче, општина Липково.

Несреќата се случила вчера во 14.10 часот, кога патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(24) од с.Виштица, општина Липково, удрило во малолетен пешак од с.Матејче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.