Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај с. Проевце.
Несреќата се случила во 00.30 часот кога патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.