Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера, на автопатот Скопје- Куманово, во близина на клучката „Илинден“.
Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.