×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повторно е уништена урбаната опрема на градскиот кеј во Куманово

    24.10.2023 16:20 | Сузана Николиќ

    Уништени се дел од клупите и кантите за собирање на смет на кејот на реката Кумановка. Вандализмот е направен во текот на ноќта, а утринава било пријавени кај надлежните.

    Повторно е уништена урбаната опрема на градскиот кеј во Куманово

    „И покрај нашите напори да се зачува урбаната опрема во градот,  сепак неодговорни и несовесни граѓани вандалски се однесуваат и често ја уништуваат. Често се случува да бидат оштетени и откорнати корпите за ситен комунален отпад, како и скршени и откорнати клупи за седење, како што е случај оваа утро“, изјави директорот на ЈП “Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски.

     Тој вели дека минатиот пат насилниците ги  фрлиле клупити и кантичките во реката, а сега и покрај тоа што се бетонирани и фиксирани на плочките успеле ги извадат од лежиштата и да ги превртат и скршат.

    „ Ние редовно ги сервисираме, меѓутоа тоа не дава разултаити и диструктивното однесување на граѓаните се повторува. Во изминатите неколку години неколку пати ја менувавме целосно урбаната опрема“, вели Стојчевски. 

    Граѓаните се гневни што насилниците не се откриваат и казнуваат, и бараат поголемо присиство на полицијата на јавните места, а општината да постави видео надзор за да се откријат сторителите.