Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска околу 14 часот повторно се разгоре огнот кај Ловечкиот дом кој синоќа беше изгаснат, а предизвикан е од големо електрично празнење.
Од Противпожарната единица во Куманово ни рекоа дека е запалена сува трева. Pожарот е пријавен кај нив и екипа веќе е на терен и го гасне пожарот, кој во меѓувреме е изгаснат. Предизвикан е од остатоци од вчерашниот пожар, високите температури и ветрот.
Синоќа околу 20 часот од удар на гром се запали бор во кругот на Ловачки Дом во Проевце. Огнот ја зафатил сувата трева, а гореше од 20.35 - 21.35 часот.
Поради високите температури на повеќе места во општина Куманово и во државата се појавија пожари, поради што пожарникарите имаат полни раце работа.