×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повторно ќе воспоставиме мостови на пријателство и соработка со Куманово, порача хрватската амбасадорка Тигањ

    23.03.2022 13:21 | Жаклина Цветковска

    „Оваа година, Хрватска и Македонија одбележуваат 30 години од воспоставување дипломатски односи, што ќе биде сјајна прилика да ја продлабочиме соработката, а за тоа постојат големи можности и потенцијали, не само на државно ниво, туку и на ниво на градови и општини“, рече амбасадорката на Република Хрватска во Македонија , Нивес Тигањ при денешната прва посета на Општина Куманово.

    Повторно ќе воспоставиме мостови на пријателство и соработка со Куманово, порача  хрватската амбасадорка Тигањ

    Амбасадорката потенцираше дека повторно треба да се воспостави и развива соработката помеѓу Куманово и Вараждин или некоја друга хрватска општина за да се развиваат градови на пријателство и соработка помеѓу двете пријателски држави.

    „Хрватска има големо искуство во искористувањето на европските фондови, што може да биде од корист за македонските општини, меѓу кои е и Куманово. Истовремено, Хрватска е поддржувач на европскиот пат на Македонија и дава огромна поддршка во процесот на европска интеграција, конечно добивање на датум и одржување на прва меѓувладина конференција“, истакна Тигањ.

    На средбата со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски се разговарало за економските можности, културната соработка, здравството и други области за зајанување и унапредување на традиционално добрите односи и меѓусебната поддршка.

    „Куманово има одлична соработка со хрватската заедница во општината, чии претставници се вклучени и во Комисијата за односи меѓу етничките заедници. Организираме голем брoј на културни манифестации во кои учествуваат хрватски друштва, а и во иднина ќе продолжиме да ја унапредуваме соработката. Република Хрватска е голем поддржувач на нашата држава за членство во ЕУ, таа е реален пријател и ова пријателство ќе продолжиме да го негуваме“, истакна градоначалникот Димитриевски.

    Тигањ му посака на Димитриевски остварување на ветувањата и заложбите од областа на економијата и плановите за инфраструктурни проекти.