Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на последната седница ги избра членовите на управните и надзорни одбори во јавните претпријатија и установи во Куманово.
Наместо професионалци како што се ветуваше во предизборната кампања, продолжи старата практика управните и надзорните одбори да се полнат со лојални партиски членови. Во управувачките структури на локалните институции се најдоа и вработени во јавни претпријатија, во државни претпријатија и институции, во образование, роднини на истакнати партиски членови, кандидати за советници и пратеници, па дури имаше предлог и вработен во Општината да биде член во еден од одборите.
„Предлогот за именување на член во ЈП „Куманово-план“, на Сашо Илиев којшто е вработен во Општина Куманово не може да биде предмет на избор. Согласно деловникот и согласно Законот за локална самоуправа вработените лица во Општината како основачи на јавни претпријатија не можат да бидат членови на управни одбори. А за другите предлози воопшто не сакам да коментирам“, кажа советникот на НСДП Благојче Јакимовиќ.
Од коалицијата на опозициската СДСМ се побунија дека предлозите не ги добиле навреме, по што ја напуштија седницата.
Поддршка на 88 членови на управните и надзорни одбори даде мнозинството во Советот, коалицијата „За наше Куманово“, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива, Левица и Беса.
Нови управни и надзорни одбори добија јавните претпријатија „Водовод“, „Пазаришта“, „Чистота и зеленило“, „Куманово – гас“, „Куманово – паркинг“, „Куманово – план“, градинката „Ангел Шајче”, Библиотека „Тане Георгиевски”, Дом за стари лица „Зафир Сајто” и Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ”.
Членовите на управните одбори треба да ги носат сите одлуки, додека надзорните одбори имаат функција да го надгледуваат матерјалното и финсиско работење на институциите. Паушалите во овие тела се движат од 2.500 до 4.500 денари месечно.
Управен одбор на ЈП „Водовод“ Куманово
1. Цветанка Ивановска
2. Јасмина Петрушевска
3. Гордана Атанасовска
4. Душица Стаменковска
5. Зора Саздовска
6. Марко Тренчевски
7. Даниела Станковска
8. Софија Милошевска
9. Бурхан Алити
Управен одбор на ЈП „Пазаришта“ Куманово
1. Ирена Марковска Димитриевска
2. Ивица Андоновски
3. Фатмир Ебиби
Управен одбор на ЈП „Чистота и зеленино“ Куманово
1. Габриела Јовановска
2. Љубомир Јовановиќ
3. Славица Стојановиќ
4. Весна Темелковска
5. Александар Димитриевски
6. Воислав Јанковиќ
7. Азиз Куртиши
Управен одбор на ЈП „Куманово-гас“ Куманово
1. Даниела Денчиќ
2. Сашо Антиќ
3. Зија Бајрами
4. Бобан Ајдарски
5. Авдуш Јонузи
Управен одбор на ЈП „Куманово-паркинг“ Куманово
1. Филип Илиевски
2. Бојана Младеновска
3. Ваљбоне Асани
4. Бобан Серафимовски
5. Авни Мифтари
Управен одбор на ЈП „Куманово-план“ Куманово
1. Ана Петрушевска
2. Елена Славковска
3. Сузана Максимовска
4. Слаѓана Илиева
5. Скендер Османи
Надзорен одбор на ЈП „Водовод“ Куманово
1. Горан Томовски
2. Ладислава Крстиќ Станисављевиќ
3. Срѓан Милевски
4. Слаѓан Михајловски
5. Џемаљедин Неџипи
Надзорен одбор на ЈП „Пазаришта“ Куманово
1. Горица Петковска
2. Тони Манасиевски
3. Мирослав Димевски
4. Јасмина Ристовска
5. Арбана Ислами-Аземи
Надзорен одбор на ЈП „Чистота и зеленино“ Куманово
1. Розита Ѓорѓевиќ
2. Ивана Маринковска
3. Наташа Јакимовска
4. Милан Давидовиќ
5. Реџеп Реџепи
Надзорен одбор на ЈП „Куманово гас“ Куманово
1. Маја Андоновска - Додевска
2. Елизабета Станковска
3. Драгана Ангеловска - Богдански
4. Марина Тасевска
5. Ардиан Јашари
Надзорен одбор на ЈП „Куманово паркин“ Куманово
1. Далибор Јаневски
2. Александра Стаменковска
3. Суат Ибиши
4. Ивица Стојмановски
5. Сенад Ферати
Надзорен одбор на ЈП „Куманово план“ Куманово
1. Синиша Филиповски
2. Слаѓана Поповиќ - Станковска
3. Сталинка Јовановиќ
4. Магдалена Митровиќ
5. Хамид Алитовиќ
Управен одбор на Дом за стари лица „Зафир Сајто“
1. Маја Герасимовска - Илиевска
2. Катрин Михајловска
Управен одбор на ЈУОУД „Професор Михајловиќ“ Куманово
1. Сара Андреевска
2. Сашо Стошевски
3. Арсим Хасани
Управен одбор на ЈОУБ „Тане Георгиевски“ Куманово
1. Јелена Мишиќ
2. Александар Стојановски
3. Фидан Алили
Управан одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче“ Куманово
1. Владимир Павловски
2. Фросина Стојановска
3. Ивана Лазаревска
Надзорни одбори на јавни установи
Надзорен одбор на Дом за стари лица „Зафир Сајто“
1. Дарко Петковски
2. Тихомир Алексовски
3. Газменд Исаку
Надзорен одбор на ЈОУБ „Тане Георгиевски“ Куманово
1. Ирена Анастасовска
2. Лилјана Димовска
3. Сања Пачков
4. Кети Димковска
5. Мируше Бислими -Дестани
Надзорен одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче“ Куманово
1. Андријана Петковска
2. Марија Спасовска
3. Александар Милановски
4. Шенаси Џељадини
5. Дејан Цветковски