Повторно проблеми со водоснабдувањето на високите зони
25.07.2014 07:14
| KumanovoNews
Граѓаните од високите зони од вчера попладне повторно се соочуваат со недостиг на вода.

Од јавното претпријатије “Водовод“ велат дека вчера околу 16 часот прекинат е дотурот на вода од т.н. бајпас цевководот. Причините за новонастаната состојба не им се познати. Во текот на денот се очекуваат изјави од надлежните за проблемите во водоснабдувањето.