Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 70 пожари на отворен простор се регистрирани од почетокот на месецот септември во општините Куманово, Старо нагоричане и Липково. Од противпожарната единица Куманово велат дека во просек интервенираат од пет до осум пати, што е многу голема бројка за овој период од годината.
Главно се работи за пожари на поголема површина на сува трева, нискостеблести растенија и шуми, но изгореа и повеќе куќи, плевни и помошни простории. Екипите моментно се на терен во селото Враготурце каде се бориме огнот да не ги зафати куќите, откако целосно изгоре атарот на селото Малотино. Бидејќи теренот е непристапен работиме во неверојатно тешки услови,а водата ја носиме со магариња заедно со месното население- вели Дејан Илиевски, командир на противпожарната единица.
И покрај барањата до Дирекцијата за заштита и спасување да испрати авиони за гаснење на пожарот, досега тоа не е сторено.